Дневен хороскоп за петок 28 јуни! Месечината во Овен носи среќни вести за 3 знаци

Месечината, планетата која ги симболизира нашите чувства, влегува во Овен околу 11 часот, каде што носи нова движечка енергија за Овенот, Стрелецот и Лавот. Дознајте што ви подготвиле ѕвездите денес.

0ВЕН

ЉУБОВ: Се наоѓате во период во кој ќе се решаваат многу работи, особено ако сте во долга врска. БИЗНИС: Престанок на партнерството доколку се занимавате со партнерски бизнис. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

БИК
ЉУБОВ: Ќе бидете страствени и заинтересирани за физички контакт со избраната личност. РАБОТА: Помагање на машко лице во бизнисот. Добивка од недвижен имот. ЗДРАВЈЕ: Инфекција.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Лежерните и пријателски врски ќе бидат повеќе по ваш вкус. РАБОТА: Можно е да бидете презафатени и затоа да згрешите. ЗДРАВЈЕ: Несоница.

РАК

ЉУБОВ: Љубовниот живот во последно време ви е прилично нестабилен. РАБОТА: Очекувајте успех на полето на трговијата, како и во се што е поврзано со недвижнини. ЗДРАВЈЕ: Подобрување.

ЛАВ

ЉУБОВ: Можно е да планирате романтично патување со партнерот. РАБОТА: Добар ден за себепрезентација и каков било маркетинг. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Можеби ќе ве привлече некој со кој работите, но овој интерес ќе биде краткотраен. РАБОТА: Успешна работа во ИТ индустријата. ЗДРАВЈЕ: Намален имунитет.

ВАГА

ЉУБОВ: Ќе ви се допадне некој за кој веќе знаете дека има проблем да се посвети на љубовта. РАБОТА: Успешен ден, особено ако се занимавате со интелектуална работа. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Ќе бидете страствени, што поволно ќе се одрази на љубовниот живот, но нема да предизвика некој поголем развој на настаните. РАБОТА: Можни се позитивни промени во сферата на кариерата. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Хармонија во врската или можности за флерт. РАБОТА: Можни се поголеми финансиски вложувања и ризични вложувања. Неочекувани пари или приход од два извора. ЗДРАВЈЕ: Подобрување.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Денеска ќе уживате во едноставни задоволства. Можно е да почнете да живеете заедно со партнерот. РАБОТА: Нова работа или нов проект. ЗДРАВЈЕ: Остра болка.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Не ве интересира јасно дефинирана врска, а ако веќе сте во таква, ќе треба да го промените тоа. РАБОТА: Можни се одлични идеи, особено оние од ИТ секторот. ЗДРАВЈЕ: Нервоза.

РИБИ

ЉУБОВ: Партнерот ќе биде бунтовен и тешко ќе воспостави некаква конвенционална врска. РАБОТА: Можете да добиете нова работа доколку ја барате. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.