Дневен хороскоп за сабота 13 јули! Близнаците пронаоѓаат нова љубов, Лавовите ги следат проблеми на работа
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас и дознајте што му подготвуваат ѕвездите на вашиот хороскопски знак.
ОВЕН
ЉУБОВ: Вашата страсна природа ќе дојде до израз и ќе привлече личност која може да ви парира. РАБОТА: Ќе добиете понуда која само добро ќе звучи. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
БИК
ЉУБОВ: Може да се случи да сретнете некој кој е создаден за вас иако оваа личност ќе биде ваша спротивност. РАБОТА: Ќе имате огромен креативен набој што треба да го искористите. ЗДРАВЈЕ: Добро.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Во овој период сте неодоливи, па затоа лесно можете да најдете љубов . РАБОТА: Ќе страдате поради непланирани трошоци или штети. Избегнувајте импулсивни инвестиции. ЗДРАВЈЕ: Гастритис.
РАК
ЉУБОВ: Ќе бидете забележани и во центарот на вниманието. РАБОТА: Ова е одличен период за оние кои работат во група или со пријателите, како и за оние кои се социјално ангажирани. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ЛАВ
ЉУБОВ: Можна љубов со некој што сте го запознале преку пријател. РАБОТА: Можно е да бидете нетрпеливи во контактите со претпоставените, па може да имате проблеми. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Можно е да ви се допаѓа некој кој е многу постар од вас или кој е на некој начин влијателен. РАБОТА: Поголем обем на работа и воопшто се ќе оди многу подобро и полесно. ЗДРАВЈЕ: Инфекции.
ВАГА
ЉУБОВ: Можно е романтично патување со саканата личност, но и љубов со странец. РАБОТА: Многу лош период, освен оние кои сакаат промена. ЗДРАВЈЕ: Послабо.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Можно е конечно да решите некои прашања во врската. РАБОТА: Промени на работа, особено во однос на партнерската работа, како и можни правни проблеми. ЗДРАВЈЕ: Анемија.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Можно е да правите планови за заедничко патување. РАБОТА: Одличен период за оние кои се занимаваат со јавна работа или имаат партнерски бизнис. ЗДРАВЈЕ: Послаб имунитет.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Сигурно ќе имате можност да запознаете некого или да поминете време со личност која ви се допаѓа. РАБОТА: Кадровски промени во компанијата или промени воопшто. ЗДРАВЈЕ: Послабо.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Не очекувајте промени. Малку позитивна клима. РАБОТА: Ќе имате проблеми со финансиите или ќе трошите импулсивно. ЗДРАВЈЕ: Нервозата лошо влијае на желудникот.
РИБА
ЉУБОВ: Ќе ве растргнат обврските, немате време за љубов. РАБОТА: Ќе згрешите. Вашата емоционална состојба влијае на вашата концентрација. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.