Дневен хороскоп за четврток, 15 февруари! Овенот го чека страсна афера, а Близнаците имаат многу работа
Секој хороскопски знак ќе има интересен ден, но во љубовната сфера Овенот ќе биде особено успешен.
Еве што очекува секој хороскопски знак :
OВЕН
ЉУБОВ: Можно е да доживеете страсна афера. Поволен ден за физичко изразување на љубовта. РАБОТА: Ќе имате проблеми на работа, со вработените или работните средства. ЗДРАВЈЕ: Побавно варење.
БИК
ЉУБОВ: Можни се промени во оваа сфера, на подобро. Некој ќе разбуди длабоки чувства во вас. РАБОТА: Можни се логистички и административни проблеми поврзани со работата. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Денес не е ваш ден, нема да бидете расположени за љубов . РАБОТА: Можни се проблеми во кариерата, и несогласувања со подредените. Премногу работа и опаѓање на квалитетот на работата поради брзање. ЗДРАВЈЕ: Можеби ќе треба да посетите лекар.
РАК
ЉУБОВ: Ќе се чувствувате осамено, бидејќи личноста која ви се допаѓа е недофатлива. РАБОТА: Можно е да имате некои правни проблеми. Следете ги прописите. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
ЛАВ
ЉУБОВ: Денеска нема да ви биде лесно емоционалното поврзување со другите. РАБОТА: Условите за работа ќе се подобрат. Ова е поволен ден кога станува збор за вашата кариера. ЗДРАВЈЕ: Можни психосоматски заболувања. Проблеми со стомакот.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Можно е да се заљубите во некој со кој соработувате, што веројатно нема да биде особено по ваш вкус. РАБОТА: Денес нема да имате желба да работите, бидејќи ќе ги изгубите од вид своите цели и ќе ослабне вашата волја. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ВАГА
ЉУБОВ: Ќе се чувствувате подготвени да доживеете љубов, но нема да најдете некој кој ќе биде исто толку расположен. РАБОТА: Можен проблем поради некоја неправилност во работата. ЗДРАВЈЕ: Склоност кон инфекции.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Денес ќе бидете малку преагресивни во пристапот, бидејќи вашата страсна природа ќе биде силно стимулирана. РАБОТА: Ќе бидете импулсивни кога станува збор за каква било инвестиција или трошење пари. ЗДРАВЈЕ: Чувствително грло.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Можно е да ја изгубите довербата на партнерот поради неискреност, или молчење за нешто што требало да се разговара. РАБОТА: Ќе имате нагон да направите нешто креативно.
ЗДРАВЈЕ: Послабо.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ќе мора да се занимавате со решавање на проблемите во врската. БИЗНИС: Можен проблем со парите поради непромислени инвестиции. Внимавајте како комуницирате со претпоставените.
ЗДРАВЈЕ: Настинка.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Нема да ви биде тешко да ја привлечете личноста која ви се допаѓа, но ќе имате проблем
да ја задржите. БИЗНИС: Проблеми од правен карактер и проблеми при постигнување договор. ЗДРАВЈЕ: Склоност кон инфекции.
РИБА
ЉУБОВ: Доколку сте во долга врска, може да се сомневате во искреноста на партнерот. Недоразбирање. РАБОТА: Ќе размислувате за промена на насоката во кариерата, но нема да преземате ништо по тоа. ЗДРАВЈЕ: Намален имунитет.