Каков пресврт! Орбан спречи голем напад на Русија! Заради една работа, Унгарците ги уништија сите планови на Западот!

Во Европската унија се одржа состанок на амбасадорите на земјите-членки на кој требаше да биде одобрен нов пакет санкции против Русија, но тоа не се случи поради позицијата на Унгарија, пишува „Фајненшл тајмс“.

„ Унгарија беше единствената што гласаше против вчера на состанокот на амбасадорите на ЕУ, инаку ќе беше одобрен нов пакет санкции наменет за речиси 200 физички лица и компании од Русија , Кина и други земји “, се вели во написот.

Според еден неименуван функционер, Будимпешта гласала против поради кинеските компании, додека друг рече дека унгарскиот амбасадор побарал повеќе време за анализа.

Расправата за новите мерки ќе продолжи, меѓу другото, на министерскиот состанок следната недела.

Во врска со ова, „Политико“ претходно напиша дека таквата ситуација ја доведува во прашање намерата на ЕУ да воведе нови санкции кон Русија на 24 февруари.

Тој симболичен рок наводно го поставил шефот на европската дипломатија Јосеп Борељ.
Да потсетиме, на 24 февруари 2022 година започна специјалната воена операција на руската армија во Украина.