НЕМАЛА СРЕЌА ВО ЉУБОВТА- НЕЈЗИНАТА КОЛЕШКА СПИЕЛА СО НЕЈЗИНИОТ СОПРУГОТ ДОДЕКА ТАА се породувала: Оваа позната актерка со хипнотизирачка убавина наместо на рози згазнала на ТРЊЕ!

За Изабел Аџани се смета дека била и останува една од најубавите жени на големото платно. Иако денес има 67 години, француската актерка го одзема здивот со својата убавина, а кога ќе се појави во ретки прилики, едноставно ги хипнотизира сите присутни.

За жал, иако нејзините улоги и хит филмови и донесоа бројни престижни награди и кариера за која можеше само да се сонува, кога е љубовта во прашање, приказната е сосема поинаква. На ова поле не и цветаа рози, а таа што најмногу ја сакаше и заби нож во срце.

Оваа егзотична Французинка не даваше интервјуа, а приватниот живот се трудеше да го задржи само за себе, иако тоа беше речиси невозможно.

Она што со сигурност го знаеме за неа е дека се прослави со улогата во филмот „Кралицата Марго“, а во кариерата пет пати е крунисана со француската награда Сезар, а во 1981 година доби двојна награда за најдобра актерка во Кан.

Изабела е родена во брак меѓу Алжирец и Германка, а самата изјавила дека љубовта на нејзините родители е „невозможна“, но вистинската, магична што се случува еднаш во милион години. Мајката поради татко и го оставила тогашниот сопруг и двете мали деца и поради тоа не се покајала цел живот. Детството го поминала во предградијата на Париз, каде што имигрирале нејзините родители, во сиромашен кварт каде бандите живееле на улица, а нејзините први години во Париз биле многу сиромашни.

Тие биле семејство на мигранти и немале ништо друго освен љубов. Нејзиниот татко бил строг и конзервативен, па ја принудил Изабела напорно да учи и постојано да чита.

Актерката подоцна изјавила дека и биле потребни 15 години терапија со психолог за да ја прифати и разбере нејзината убавина, бидејќи татко и и забранил да се гледа во огледало. Кога имала само 14 години, работите се промениле. Таа беше забележана од познат филмски агент на париските улици и ја доби првата улога во филмот „Le Petit Bougnat“.

Она што отсекогаш ја правело оваа дива, освен нејзината убавина, интригантна и интересна за јавноста е нејзиниот бурен љубовен живот. Изабела имала вкупно осум сериозни и големи љубови, но само една вистинска – за која зборува и денес.

Така, нејзиниот живот беше обележан со шестгодишна врска со трикратниот оскаровец Даниел Деј Луис, со кого има син и кој ја оставил бремена, без ниту еден збор. Никогаш не и кажал зошто нивната врска завршила. Имено, подоцна се дозна дека во времето кога таа се породила, тој уживал во афера со Џулија Робертс.

“Тој е љубовта на мојот живот. Заврши затоа што беше невозможно, неразбирливо силна. Нашата љубов беше како неизлечива болест. Еден поглед во него и знаеш дека човекот е подготвен да те повреди. Не можеше да ги одвои улогите што ги играше од вистинскиот живот. Често се однесуваше како да не е од оваа планета, попуштајќи му се на херојот што го глумеше. Имавме страст во нејзината најчиста форма и таквите работи секогаш се осудени на пропаст. Имавме таква љубов за што читате во класичните романи. Не уништи тоа што му дозволив да биде центар на мојот живот“, изјави божествената Французинка многу години по раскинувањето.

Направив сериозна грешка во мојот живот. Жените не треба да бидат доктори во врската. Ги спасував моите мажи, а тие подоцна изградија среќа со другите. Ме гледаа како психолог. Мажите не сакаат жени кои ги гледаат како слаби, во нивните најлоши денови. Тие не можат да ја поднесат женската сила. Ја мразеа мојата љубов и беа слаби и ранливи“, објаснила Изабела еднаш.

Убавата актерка добила уште едно дете со кинематограферот Бруно Најтен во 1970-тите, со што вкупно има две деца.