Петров: Пендаровски е еден од најподдржаните претседателски кандидати во СДСМ

Има повеќе кандидати, околу петнаесет кои се високо препорачливи и околу 15 други имиња кои не се споменати. Тоа е постапка во која тој круг мора да се стесни и потоа да одлучуваат партиските органи. Стево Пендаровски е еден од предлозите со најмногу кандидатури од општинските организации на СДСМ, но има и други, изјави денеска актуелниот член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров.

За кандидатурата на Тарвари, Петров вели дека „ако сакате да бидете претседател на државата, со висок кредибилитет во кој ќе веруваат сите граѓани, не можете да го промените ставот во рок од 10 дена“.

„Јасно е дека Села ќе ја преземе партијата Алијанса. Тоа е погрешен чекор според мене, но секој има легитимно право да се кандидира, па дури и Таравари.

Таравари пред еден месец немаше забелешка за Пендаровски, а сега не гледам каква би била забелешката. Логично е да не влезе како кандидат во вториот круг. Така велат бројките и анализите“, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ во емисијата „Слободен печат“.