ДУИ: Пендаровски го потпиша Кривичниот законик со европско знаме иако ЕУ се спротивстави

Стево Пендаровски нека ги покаже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за коцкање и кој го поттикна да оди против волјата на граѓаните и пратениците, се вели во денешната реакција на ДУИ.

„Причината за реакцијата на Европската унија за европското знаме е петкратниот стандард на Пендаровски.

Пендаровски го потпиша оспорениот Кривичен законик со европско знаме и покрај масовните спорови на земјите членки на Европската унија, закон кој пропадна речиси во сите случаи на Специјалното обвинителство.

Пендаровски знаеше дека опозицијата го блокираше законот за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца.

Отстранување на казината бараат сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите други, особено мајките со благослов „ги спаси нашите деца“, но и граѓанското општество.

Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци ја одбра страната на обложувалниците и казината“, велат од ДУИ.

Уште поза жалење, додаваат оттаму, е образложението дека европската ѕвезда била „злоупотребена“ за одобрување на законот и дека немал забелешки на содржината туку само на процедурата.