ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29 ЈУЛИ: Раковите ги очекува напорен ден, Водолиите нервозни, а Рибите крајно кавгаџии, НА НИКОЈ НЕМА ДА МУ Е ЛЕСНО

Ѕвездите денеска некому ќе му бидат поволни, додека кај другите ќе го предизвикаат најлошото.

Прочитајте што ви подготвија ѕвездите  денес, 29.07.2023 година,  поврзано со работата, љубовта и здравјето.

Овен

Бизнис:  Без разлика што е првиот ден од викендот, реално е денес да очекувате многу деловни активности од типичниот Овен, пред се на полето на организацијата и комуникацијата.

Љубов:   Денес можете да очекувате барем едно пријатно изненадување од саканата личност. Опуштете се и уживајте.

Здравје:  Нема значајни предупредувања.

БИК

Работа:  Претстои солиден работен ден за родените во знакот Бик. Целите ги постигнувате без поголеми проблеми.

Љубов:  Вниманието и разбирањето на саканата личност многу ви значат. Реципроцитет во натура и уживајте.

Здравје:  Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа:  Денес можеби ќе имате заостанати работи од минатото, поврзани пред се со формалности и документи, па крајно време е да се ослободите од нив.

Љубов:  Не е паметно да покренувате некои теми од изминатите денови, само дополнително ќе ја искомплицирате ситуацијата. Оставете ги уште еден ден.

Здравје:  Сосема солидно.

РАК

Работа:  Денеска Раковите ги очекуваат многу различни обврски. Полека и без брзање, се може да постигнете со добра организација.

Љубов:  Денеска не е реално да се очекуваат големи промени во љубовната сфера. Погрижете се тоа да не е апсолутно права линија.

Здравје:  Освен замор, нема значајни предупредувања.

Лав

Работа:  Обидете се да ги зауздите вашите мегаломански барања и ги имате сите предиспозиции крајот на денот да го дочекате позадоволно отколку што очекувавте.

Љубов:  Речиси се што сакаат во љубовната сфера во текот на оваа сабота, повеќето Лавови имаат реални шанси да го остварат. Искористете барем една од понудените можности и уживајте.

Здравје:  Би уживале во физичка активност.

ДЕВИЦА

Работа:  Првиот ден од викендот, кој вообичаено е резервиран за одмор и релаксација, лесно може да се претвори во непотребен товар размислувајќи за работните обврски.

Љубов:  Би можеле да се посветите на уживање во некоја заедничка активност со саканата личност.

Здравје:  Нема значајни предупредувања.

ВАГА

Работа:  Многу добар ден, полн со различни активности е пред родените во знакот Вага.

Љубов:  Може да очекувате доста добра комуникација и на љубовен план. Можно пократко патување заедно.

Здравје:  Пазете се од настинки.

СКОРПИЈА

Работа:  Многу работа поврзана пред се со полето на комуникација ги чека повеќето Скорпии. Оставете малку време за одмор и релаксација.

Љубов:  Ова секако не е ден во кој можете да очекувате некакви драстични промени на љубовен план.

Здравје:  Многу добро.

СТРЕЛЕЦ

Бизнис:  Оваа сабота не е лоша доколку сакате да подмирите некои неподмирени сметки, а можеби и да ги преиспитате деловните договори кои досега не биле спроведени.

Љубов:  Денешните активности на љубовно поле сметајте ги како инвестиција за подобра иднина.

Здравје:  Слаба циркулација.

ЈАРЕЦ

Бизнис:  Најтипичните претставници на Јарецот може да очекуваат убава понуда за нови деловни проекти.

Љубов:  Можете да очекувате сосема коректен ден доколку сакате да поминете мирен и пријатен ден со саканата личност.

Здравје:  Спијте доволно.

ВОДОЛИЈА

Работа:  Вашиот заслужен планиран одмор денес може нагло да биде прекинат поради неочекувани повици и од стари и од нови деловни соработници. Бидете трпеливи во справувањето со комуникацијата.

Љубов:  Доколку се укаже добра прилика, не би било лошо да бидете директни и конкретни.

Здравје:  Променливо расположение.

РИБА

Работа:  Повеќето од планираните обврски треба да ги исполнат повеќе или помалку успешно типичните претставници на Рибите денес. Мало одложување не може премногу да го расипе позитивниот впечаток.

Љубов:  Покажете доволно внимание и разбирање кон саканата личност, само така ќе ги решите потенцијалните несогласувања.

Здравје:  Одлично.