Кривична пријава за две лица кои го градат автопатот Кичeво-Охрид, ги оштетиле електричните кабли

СВР Охрид соопштува дека е поднесена кривична пријава против две лица кои при изведување работи на автопатот Кичево-Охрид оштетиле некои подземни електрични кабли.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од НР Кина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни објекти“ и „несовесно работење во службата“, како и против. А.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење при служба“.

Двајцата, вработени во градежна фирма, со неизвршување на службените дејствија за пријавување подземна инсталација на автопатот во изградба, предизвикале оштетување на електричните кабли сопственост на ЕВН Македонија, со што дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија. на повеќе правни и физички лица во општина Дебрце, со што е причинета материјална штета од околу 502.000 денари“.