ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ОЗНАЧУВААТ ЦРВЕНАТА, СИНАТА И БЕЛАТА БОЈА НА ПАСТАТА ЗА ЗАБИ !? Секоја од нив има своја цел, а еве кои се главните состојки

Еве што се крие зад овие бои на пастата за заби!

Денес на пазарот има безброј пасти за заби – од обични бели, до црни (јаглен) и шарени… Но, една боја на паста за заби им остана во сеќавањето на многумина- поточно станува збор за пастата со бои црвени, сини и бели.

А дали знаевте дека секоја боја на оваа паста за заби има посебно значење или подобро кажано се состои од посебна состојка која помага во здравата дентална хигиена ?

На пример, белиот дел од пастата за заби содржи супстанции кои ја отстрануваат плаката и како резултат на тоа ги избелуваат забите. Црвената линија на пастата обично содржи витални елементи за правилна нега на непцата, а синиот дел содржи антимикробни компоненти и компоненти за освежување на здивот. Ваквиот изглед на пастата не е неопходен и не сите пасти се со иста боја, туку секоја ги содржи потребните состојки за одржување на здравјето на забите и непцата.

Главните состојки на пастата се:

  • абразиви (25-60%)
  • состојки (20-40%)
  • вода (15-50%)
  • боја (до 3%)
  • детергенти (до 2%)
  • врзива (до 2%)
  • ароматични материи (до 1,5%)
  • конзерванси
  • стабилизатори
  • слатки материи
  • профилактички агенси (како флуор)
  • лековити материи