Најмалку осуммина загинати при уривање на зграда во Бразил

 – При вчерашното уривање на станбена зграда во североисточниот бразилски град Ресифе загина најмалку осум лица, од кои две деца на возраст од пет и осум години.

Четири лица се извлечени живи од урнатините, а шест сè уште се водат како исчезнати.

Причината за уривањето сè уште не е позната, но изминатите денови Ресифе беше погоден од обилни дождови.