„Добар знак е желбата на Македонија за дијалог, ја поканувам претседателката во Софија“, рече Радев

Бугарија очекува промена на реториката на Македонија и конечно – крај на јазикот на омразата. Ваква порака упати бугарскиот претседател Румен Радев до претседателката Силјановска-Давкова.

„Република Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од Обединета Европа со исполнување на сите барања за членство, како што тоа го направи секоја земја од Европската унија“, коментира Радев.

Според бугарскиот претседател, поради набиената програма организирана до минута, бугарската делегација не можела да се сретне со македонската делегација, која престојува во Рим и е предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Радев ја дефинираше желбата за дијалог како позитивен знак и рече дека ќе ја покани претседателката на Македонија во Софија.

„Сметам дека желбата на Република Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на Македонија, ако не се лажам, да дојде во Бугарија, изјавил Радев.

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Ова е нејзина прва посета во странство по преземањето на функцијата на 12 мај.