По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ‘Папаниколау’ во Солун за неизмерната грижа и за негата што ми ги дадоа. Исто така, сакам да му се заблагодарам и на персоналот во Кочани и во Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели што се молеа за мене“, напиша Тонев на социјалните мрежи.
Додава дека чувствата му се измешани.
Колку што сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а особено за моите драги колеги и другари. Сочувство до сите фамилии“, пишува Тонев во објавата.