Словенија на почетокот на август ја погодија силни поројни поплави, во кои загинаа шест лица.
Осум лица се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрумот на Културниот центар во Чрна на Корошкем .
Меѓу нив има и седум војници кои превентивно се пренесени на лекување во болница, јавува РТВ Словенија.
Главниот медицински офицер на словенечката армија Роберт Карота соопшти дека на гасот биле изложени 32 лица, од кои 18 припадници на македонската армија, шест припадници на словенечката армија и осум пожарникари.
Сите се надвор од животна опасност, а на превентивно лекување во болницата се испратени пет припадници на словенечката армија, двајца припадници на македонската армија и еден пожарникар.
Словенија на почетокот на август ја погодија силни поројни поплави, во кои загинаа шест лица.