„Доби син и излезе во диско да ги почести другарите“: 30 годишниот Тоше Богданов подлегна на повредите од пожарот
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а 155 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пожарот се проширил на таванот и покривот на дискотеката, кој брзо изгорел. Публиката на концертот кој започна на полноќ беше претежно млада. Меѓу загинатите има и тројца малолетници, додека 22 лица се во критична состојба. Најмладата жртва имала само 14 години.
Во врска со трагедијата досега се приведени неколку лица.
Триесетгодишниот Тоше Богданов е една од жртвите. Неговите пријатели велат дека во саботата излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот. Богданов, кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата која, според неофицијални информации, пред неколку дена го родила нивното дете.
„Тоше имаше син и излезе со пријателите да го прослави раѓањето на детето. Сакаше да ги почести и отиде во диско, а сега го нема“, рекол извор близок до семејството.