‘ДОБРИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА’ – Премиерот на Холандија Марк Руте објави дека се повлекува од политиката

Премиерот на Холандија, Марк Руте, во понеделникот изјави дека нема да се кандидира за петти мандат и ќе се повлече од политиката по изборите во ноември.

Марк Руте поднесе оставка во петокот, откако не беше постигнат договор за построга имиграциска политика.

Имаше многу шпекулации во последните денови за тоа што ме поттикна да го направам ова. Единствениот одговор е Холандија“, кажа Марк Руте во говорот во парламентот пред дебатата за падот на Владата.

Вчера наутро решив дека повторно нема да бидам достапен како претседател на ВВД (Народна партија за слобода и демократија). Кога ќе се формира нов кабинет по изборите, ќе се повлечам од политиката“, додаде тој.

Марк Руте е премиер со најдолг стаж во историјата на Холандија. Тој ја презеде функцијата во октомври 2010 година.

56-годишниот Марк Руте ќе остане на чело на преодната Влада додека не се формира нова Влада по изборите, што може да потрае со месеци.