Добрите комуникациски вештини неопходни за психолошка помош по земјотресот

Обуките за професионалци и волонтери вклучени во психолошката поддршка ги спроведуваат триесетина граѓански организации. Волонтерите учат како да ги сослушаат проблемите на луѓето и да им овозможат соодветна поддршка

Психолошката помош е исто толку важна како и секој друг вид помош што им се дава на луѓето погодени од катастрофи, велат експертите по земјотресите на 6 февруари што ја погодија јужна Туркије.

Но, за да се обезбеди психосоцијална поддршка, професионалците и волонтерите вклучени во процесот мора да имаат добри комуникациски вештини и трпение да ги слушаат приказните на жртвите.

За да се зголеми таквата помош на турскиот народ погоден од земјотресот, речиси триесетина невладини организации заеднички спроведуваат виртуелни обуки за стотици волонтери.

Орхан Чокча, претседател на истанбулското здружение „Среќно семејство, среќно дете“ вели дека работат со 33 организации за да се подготват за соодветно советување на луѓето погодени од земјотресот.

„Нашите психолошки експерти и специјалисти ги научија волонтерите како да се однесуваат со овие луѓе“, рече Чокча. Тој додаде дека примиле околу 12.000 апликации за неодамна завршените пет сесии за советување.

Со оглед на чувствителниот момент, според Кокча понекогаш, луѓето дури и со намера да направат добро, ги повредуваат жртвите. Тој истакнува дека за обезбедување психолошка помош е значајно за да се знаат вистинските барања на луѓето погодени од катастрофи.

Кокча рече дека за време на работилниците, специјалистите им објасниле на волонтерите како да се однесуваат со жртвите.

Здружението „Среќно семејство среќно дете“ е основано во 2005 година и работи во 51 град во Туркије. Таа веднаш по земјотресите испрати свои волонтери на терен.

Застанете и слушајте

Според Кокча волонтерите треба да го слушаат засегнатото лице и дека тоа бара трпение“.

„Не треба да се обидуваме да ја утешиме жртвата бидејќи утехата може да доведе и до погрешно насочување“, вели Кокча.

Апелирајќи да не се ангажираат терапевти во оваа фаза, тој истакна дека на жртвите треба да им се даде доволно време за целосно да разберат што се случило, а по некое време треба да започне терапијата.

„Не брзаме. Чекаме и ги правиме нашите подготовки врз основа на потеклото на жртвите“, рече Кокча.

Според него професионалците и волонтерите на терен ги набљудуваат поединците и семејствата погодени од земјотресот.

„Додека нашите волонтери си играат со децата, во исто време, забележуваат различни реакции кај нив. Важно е овие волонтери и помагачи да имаат психичка издржливост. соодветната комуникација и знаењето за управување со психолошката криза на терен е основен услов за добра комуникација“, додаде Кокча.

Волонтерите како што смета тој мора да знаат како да слушаат и никогаш не смеат да го повишуваат тонот.

Потреба за мотивација

Волонтерите кои работат на терен укажаа и на потребата од мотивација и психолошка поддршка на погодените од земјотресот.

Исмаил Оздемир, кој волонтираше во фондацијата Хасене во јужна Туркије вели дека тоа се најважните елементи.

„Луѓето имаат сè како храна, вода, мобилни медицински клиники, мобилни кујни и струја, но она што им треба на луѓето е мотивација“, изјави Оздемир.

AA