Ако користите Instagram, оваа функција може да ви биде корисна.
Оваа апликација доби уште едно подобрување – корисниците сега можат да објават до 20 фотографии и видеа во една објава, што е двојно повеќе од претходно.
Како што потсети веб-страницата Engadget, оние постарите корисници веројатно ќе се сетат како изгледале работите пред петнаесет години, односно објава на Фејсбук каде може да се вклопат и голем број фотографии.
Во тоа време смартфоните сè уште не беа толку распространети, па беше важно на Facebook да се објавуваат фотографии направени со дигитален фотоапарат.
Овој формат наречен Carousel пристигна на Instagram во 2017 година за сите корисници и оттогаш платформата истражува начини како да го подобри.