Често пиеме газирани пијалоци кога ни недостасува енергија и шеќер.
Сите газирани сокови брзо ги задоволуваат нашите потреби, но дали знаете што се случува со нашето тело тогаш?
Експертите често предупредуваат дека газираните сокови не треба да се пијат секојдневно и во големи количини, но се чини дека се уште не сме свесни за тоа.
Во рок од еден час по конзумирањето газиран сок, во нашето тело се случуваат многу работи кои негативно влијаат на нас.
10 минути : помеѓу 8 и 16 лажички шеќер (во зависност од видот на пијалокот) влегуваат во вашето тело. Не регистрирате многу сладост бидејќи фосфорната киселина ја омекнува.
20 минути : Количеството на шеќер во крвта нагло се зголемува. Вашето тело реагира со лачење на инсулин и претворање на внесениот шеќер во маснотии.
40 минути : Поради кофеинот, вашето тело го зголемува производството на допамин, невротрансмитер кој ги стимулира и активира центрите за задоволство во вашиот мозок. Експертите велат дека кофеинот манипулира со производството на допамин исто како дрога и на тој начин влијае на нашето расположение и прави да се чувствуваме добро.
60 минути : Нивото на шеќер во крвта нагло почнува да опаѓа, што повторно предизвикува непријатно чувство на замор и летаргија од кое сакавме да се ослободиме со конзумирање на газиран пијалок.