“Добро се тресеше”, туристите во страв по силниот земјотрес во Грција, се почуствува во повеќе градови во Халкидики
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди областа на 26 километри североисточно од Сарти, популарна туристичка точка на Халкидики, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Силен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Ситонија .
Земјотресот бил почувствуван во повеќе градови.
Турист која во моментов престојува со семејството во Метаморфози, вели дека многу се исплашиле кога го почувствувале земјотресот.
Само што требаше да спиеме. Многу се тресеше, но не траеше долго. Ќерка ми се разбуди, креветот ни се тресеше“, раскажува тој.
Тој додаде дека по земјотресот, музичарите од локалното кафуле во близина на нивното сместување накратко престанале да свират, но набрзо продолжиле.
Неколку луѓе на платформата ЕМСЦ напишаа дека земјотресот се почувствувал кратко, но силно.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.