На прес-конференција за новинарите во Доха, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, соопшти дека прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел ќе започне во петок во 07:00 часот наутро (06:00 часот по македонско време) и дека првото ослободување на заложниците, 13 заложници, ќе биде на 16:00 часот во петок (15:00 часот по наше време).
Портпаролот соопштил дека очекува хуманитарната помош да почне да се движи во Појасот Газа преку преминот Рафах веднаш штом ќе започне прекинот на огнот.
Се верува дека Хамас држи најмалку 240 израелски заложници кои ги киднапишраше за време на нападот врз Израел на 7. октомври.