ДОГОВОРЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ !? Ерменците се согласиле со помош на руско посредување, а Азербејџан ја прекинува т.н. ‘антитерористичка операција’
Со посредство на руските мировни сили, властите на Нагорно-Карабах го прифатија предлогот за прекин на огнот од 11 часа, соопштија властите на овој регион.
„Администрацијата на првиот човек на Нагорно-Карабах соопштува дека Азербејџан од 19. септември изврши голем напад долж целата разделна линија, со ракетни, артилериски и воздушни напади“, објавија ерменските медиуми.
Се вели дека анализата на акциите на вооружените сили на Азербејџан покажува дека целта била да се нанесе непоправлива штета на Нагорно-Карабах и да се изврши негово распарчување.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ја прекинува „антитерористичката операција“, како што го нарекоа вчерашниот напад врз ерменските сили во Нагорно-Карабах.
Министерството за одбрана на Азербејџан во вторникот објави дека Баку започнал „антитерористичка операција“ од локален карактер во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок.