Многу луѓе не внесуваат доволно важни омега-3 масни киселини кои го штитат здравјето на срцето, особено ако не јадат риба неколку пати неделно. За среќа, постои лесен начин да го зголемите внесот на овие здрави масти, а тој е погоден за секоја диета. Овие мали семки лесно може да се додадат во различни јадења како салати, смутија или појадок, а само една лажица може да ги задоволи вашите дневни потреби за омега-3.
Станува збор за ленени семиња кои стануваат сè попопуларни поради нивните позитивни ефекти врз здравјето.
„Омега-3 масните киселини се неопходни за здравјето на луѓето. Тие помагаат во подобрувањето на мастите во крвта, намалувањето на триглицеридите и намалувањето на воспалението, што ги штити крвните садови од оштетување“, објаснува нутриционистката Мишел Рутенштајн за Parade. Покрај омега-3, лененото семе е богато со лигнани, витамини, минерали и влакна, што може да го намали ризикот од хронични заболувања.
Диететичарот Киран Кемпбел додава: „Лигнаните имаат антиоксидантни својства кои можат да го намалат крвниот притисок и да го подобрат профилот на масти во крвта“.
Лененото семе содржи и магнезиум, кој помага во регулирањето на крвниот притисок и срцевиот ритам, а е богато и со диететски влакна. Рутенштајн истакнува: „Растворливите влакна го регулираат холестеролот и триглицеридите, додека нерастворливите влакна помагаат во одржувањето на нормално ниво на шеќер во крвта и здрава телесна тежина“.
Лененото семе има благ вкус на јаткасти плодови и лесно може да се додаде во салати, јогурти или житарки.
Дополнително, лененото семе може да помогне во контролата на шеќерот, намалувањето на воспалението, подобрувањето на симптомите на менопауза и здравјето на дигестивниот систем, па дури може да придонесе и за подобар изглед на кожата.
Сепак, пред да вклучите ленено семе во вашата исхрана, важно е да обрнете внимание на неколку работи. Рутенштајн советува: „За максимална корист, семето треба да се консумира мелено, бидејќи цели семиња можат да поминат низ дигестивниот систем несварени.“ Исто така, се препорачува постепено зголемување на внесот поради високата содржина на влакна, а луѓето кои земаат лекови за разредување на крвта или имаат воспалително заболување на цревата треба да се консултираат со лекар.
Лененото семе има благ вкус на јаткасти плодови и лесно може да се додаде во салати, јогурт, житарки, смутија или да се користи во печење.
,,Овие мали семки можат да имаат големо влијание. Додавањето ленено семе во вашите оброци може да го поддржи здравјето на вашето срце на долг рок“, заклучува Кембел.