Дерматологот Франческа Фуско верува дека додавањето малку шеќер во вашиот шампон ќе биде најдобриот трик за убавина и здравје на косата.
Помалку или повеќе, сите знаат дека шеќерот е штетен за нашиот организам и неговата употреба треба да се ограничи максимално, но некои експерти сепак советуваат примена на шеќер – не во храната, туку во хигиената.
Една од нив е докторката Франческа Фуско, дерматолог, која смета дека ако додадете малку шеќер во шамонот, тоа ќе биде трик за убавината и здравјето на косата.
Според неа, во целото шише треба да се стави мала лажица шеќер, која ќе делува како пилинг, поточно за нежно лупење на косата.
Така се отстрануваат мртвите клетки и се чисти кожата од загадување, пренесува Телеграфи.
„Не само што ефикасно ги елиминира маснотиите и загадувањето, туку шеќерот овозможува подлабоко продирање на регенераторот, така што добиваме поголема чистота и подобра хидратација“, вели Фуско.
Таа објаснува дека без повремени пилингови, косата е „заглавена“ со загадување, па расте побавно и потешко.
Други ефективни трикови што ги претпочитаат дерматолозите се повремено плакнење на мрсната коса со вински оцет (еднаш месечно), како и користење на различни масла на врвовите на косата пред миење наместо регенератор (еднаш неделно).