Додека безбедносната состојба во Европа и светот се менува, македонската Армија е гарант на мирот во државава
Денеска ја славиме храброста и одлучноста на сите што се бореа за правда и слобода и се потсетуваме на самопожртвуваноста и непоколебливоста на нашите херои од 1941 г. кои не инспирираат. Да ја сакаме нашата татковина, да ги почитуваме демократските вредности и да се бориме за просперитетна Македонија.
Во време кога безбедносната состојба во Европа и во светот се менува, македонската Армија останува да биде гарант на мирот, безбедноста и стабилноста во државава, регионот и пошироко.