Додека Хаг бара негово апсење, Владимир Путин гордо се шета низ Крим: Претседателот на Русија ја слави годишнината од анексијата на полуостровот (фото/видео)
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска пристигна на полуостровот Крим по повод деветгодишнината од анексијата на овој регион.
По тој повод Владимир Путин пристигна во Севастопол.
Крим и Севастопол станаа руски региони на 18. март 2014 година по пат на референдум кога 96,77 отсто од гласачите на Република Крим и 95,6 отсто од жителите на Севастопол гласаа за повторно обединување со Руската Федерација.
Украина се уште го смета полуостровот за своја привремено окупирана територија, како и Западот. Москва повеќепати соопшти дека прашањето за Крим е засекогаш затворено и нема простор за некакви промени во иднина.