Додека ја води емисијата седи на три перници: Еве колку е висока Јована Јеремиќ, затоа и ја нарекуваат ,,џебна Венера”! (фото)

Јована Јеремиќ е една од најинтригантните личности на балканската јавна сцена. Јавноста коментира сè за неа – од облеката што ја носи, нејзините изјави, до перничињата што ги чува на столот.

Многумина ја нарекуваат „џебна Венера“ поради нејзината висина. Јована во една прилика откри дека е висока 163 см, и дека не и’ пречи да биде пониска и сака да носи високи потпетици. Таа еднаш откри дека има идеални мери – 90-60-90.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ ги осудува жените кои се согласуваат да бидат втори жени на мажите односно љубовници, а како што вели самата, ја научила животна лекција кога и самата била изманипулирана и биле љубовница во младоста.