Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по повод Видовдан додели признанија за „исклучителни заслуги за РС“. Меѓу наградените беше и Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба.
Наградата ја доби за „долгогодишен признат јавен труд и достигнувања во областа на музичкото творештво и придонес во ширењето на популарната музика и уметност“, се вели во соопштението.
„Го доделуваме Орденот на честа со Златни зраци на Борисав Бора Ѓорѓевиќ, рок музичар, поет, главен вокал и текстописец на рок бендот Рибља чорба“, се додава.
Инаку, Ѓорѓевиќ со години го поддржува четничкото движење, а бил прогласен за четнички војвода. Откако во 2012 година доби плакета и кокада од постарите војводи, го прашале дали би сакал да оди во Загреб со кокадата, на што тој одговорил дека „Загреб ќе биде многу среќен со неговата нова титула“.