ДОЖДОТ ГИ ОСТАВИ СТРУЖАНИ БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ – Јавното претпријатие со апел до граѓаните: “Водата не е за пиење!“
Водата од градскиот водовод во Струга не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга.
Според информацијата забраната за пиење на водата е поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.
„Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување“, стои во информацијата на „Водовод и канализација“ – Струга.