ДОЖДОТ ГИ ОСТАВИ СТРУЖАНИ БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ – Јавното претпријатие со апел до граѓаните: “Водата не е за пиење!“

Водата од градскиот водовод во Струга не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга.

Според информацијата забраната за пиење на водата е поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.

Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување“, стои во информацијата на Водовод и канализација“ – Струга.