Скопскиот Кривичен суд го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ откако се изјасни за виновен за убиството во трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.
Судијката Моника Бахчовановска пред да ја соопшти пресудата ја прочита анализата на психијатарот на обвинетиот во која се оценува дека се работи за здрава личност со нормална интелигенција.
На судијата му рекол дека бил под дејство на дрога и дека не сака инцидентот така да заврши.
„Не сум добро ниту емоционално ниту психички. Изрази каење за кривичното дело. Не сакав да го убијам, тоа беше несреќа. Бев под дејство на дрога неколку дена, навистина. И порано сум бил во затвор за помали прекршоци, во споредба со ова. Многу ми е жал, само тоа имам да кажам“, изјави Куртовиќ.
Инаку, Васил Ефтимов бил бизнисмен и лидер на компанијата „Мителмонт“ за продажба на водоводна опрема. Тој бил убиен од пукање, додека со него во автомобилот била и неговата сопруга.