Дознав дека мојата жена има љубовник и паднав во депресија! Болна исповед на Тоти: Татко ми почина, а потоа открив дека жена ми ме изневерува! (ФОТО)

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти отворено проговори за разводот со долгогодишната сопруга Иларија Блаци.

По 17 години брак, славниот пар се развел, а причината била прељубата.

Поранешниот репрезентативец на Италија откри дека паднал во депресија откако дознал дека сопругата го изневерува. Тоа беше најтешкиот период во неговиот живот, бидејќи доживеа неколку болни удари по ред. Неговиот татко починал од Ковид, а потоа неговиот брак се распаднал поради прељуба.

-,,Преживеав тежок период, прво престанав да играм фудбал, а потоа татко ми почина од Ковид“, ги пренесува „Марка“ зборовите на познатиот Италијанец.

„Јас имав КОВИД, 15 дена, бев многу болен. Меѓутоа, мојата сопруга кога ми беше најпотребна ја немаше. Не е точно дека јас бев првиот што ја изневерил. Реков дека нема да зборувам за тоа и не зборував долго време, но прочитав премногу лаги во последно време. Моите деца страдаа поради тоа“, вели Тоти.

Да потсетиме минатата година, Тоти во интервју за ,,Korijere dela serа“ откри дека паднал во депресија кога дознал дека неговата сопруга има љубовник.

,,Во септември минатата година се слушаа гласини дека Илари има друг маж покрај себе. Односно повеќе од еден. Не верував, но на крајот ги најдов пораките. Никогаш не ја шпионирав во тие 20 години. Сепак , ми стана сомнителна кога слушнав и од мои блиски луѓе“, вели Тоти и додава:

„Го погледнав нејзиниот телефон и видов дека има трето лице кое изгледаше како посредник. Тоа беше Алесија, нејзината фризерка и пријателка. Не ме терајте да го кажувам името на човекот, тој е сосема поинаква личност од мене. За среќа, тој припаѓа на свет далеку од мојот” – изјави Тоти.

Илари не сакала да ја признае прељуба.

„Таа прво негираше, а подоцна призна дека само излегувале на кафе. Од друга страна, знам дека се запознале во март 2021 година и дека Илари излегувала и со други мажи и била поблиска отколку што требало да биде” – рече Тоти.

Тоти тврди дека никогаш не ја изневерил поранешната сопруга.

,,Имаше многу гласини дека се изневеруваме, но не. Сега ќе ви докажам. Факт е дека паднав во депресија, не можев да заспијам… се правав дека сè е во ред, но тоа не бев јас“, открива Италијанецот.

По разводот Тоти стапи во врска со Наоми Боки. Тој откри дека ја познавал Наоми претходно, но до февруари 2022 година биле само пријатели.

„Од сето тоа излегов благодарение на Наоми. Таа ме подигна од мртвите“, призна тогаш Тоти.