Доколку го правите ова секое утро ќе се расонувате без проблем и денот ќе ви биде полн со енергија! Оптималното време е 30 секунди, а ова може да го правите каде сакате
Ова се придобивките од истегнување на телото наутро!
Колкумина од вас се истегнуваат наутро ? На многу луѓе им е тешко да се разбудат рано. Зевањето, триењето на очите и истегнувањето се само дел од работите што ги правиме во утринските часови.
Ако се прашувавте дали истегнувањето е воопшто корисно и здраво, одговорот е да! Тоа помага да се стимулира циркулацијата и да се зголеми енергијата, што може да ви помогне да го започнете денот посветло. Според една позната компанија за помош за спиење, ова се придобивките од истегнување веднаш по будењето:
- ја зголемува флексибилноста на мускулите и зглобовите
- ја подобрува циркулацијата
- ја намалува напнатоста и стресот
Како што истакнуваат, истегнувањето е најдобриот аларм за телото, тоа всушност испраќа сигнали до мозокот дека е време да ги разбудиме сите наши мускули. Освен тоа, се движат и нашите зглобови, како и циркулацијата по неколкучасовно лежење. Освен за утрински часови, истегнувањето е добредојдено во секое време од денот. Значи, ако работите работа која бара осум часа седење или повеќе, не е лоша идеја да го истегнете вашето тело малку.
Експертите препорачуваат да останете во секоја положба додека се истегнувате одредено време. Обично, Па, 30 секунди е оптималното време. Ова ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да им дадете на вашите мускули доволно време да се релаксираат. После тоа, опуштете се и дишете нормално до следното истегнување, кое исто така ќе го држите 30 секунди.