Доколку забележите бела пена на лубеница, веднаш исфрлете ја од дома

Лубениците се омиленото летно освежување на многумина и ретко кој не ужива во нивниот вкус и мирис.

Но, дали знаевте дека лубениците можат да експлодираат? Имено, доколку забележите бела пена на лубеница, важно е веднаш да ја исфрлите од просторот за живеење и да ја чувате на безбедно, бидејќи може да експлодира и да предизвика значителна штета во домаќинството.

Кит Шнајдер, професор на Катедрата за наука за храна и човечка исхрана на Универзитетот во Флорида објасни зошто лубениците се пени или експлодираат.

“Ова веројатно се случува поради топлината. Овошјето, ако е малку оштетено, може да почне да ферментира. Ако има доволно ферментација, која произведува гас, може да се создаде доволно внатрешен притисок за лубеницата да пукне или да експлодира”, објасни тој.

„Тоа е истиот процес што се случува во производството на пиво и вино“, додаде тој.

Пена обично почнува да излегува од дното на лубеницата, а во други, поблаги случаи, лубеницата може да се отвори кога ќе почнете да ја сечете.