Доколку на граѓаните им е нарушено правото на чист воздух тие ќе можат да ја тужат државата

Доколку на граѓаните им е нарушено правото на чист воздух тие ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд, се вели во начелниот став кој на денешната седница го донесе Врховниот суд. Ваквиот начелен став на Врховниот суд доаѓа откако Управен во неколку наврати одбивал тужби на граѓаните дека државата не презема мерки за заштита на животната средина.

“Согласно националната и меѓународната регулатива, државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните, кои како странка во управна постапка може да бараат да се задолжат надлежните органи да ги донесат основните плански документи од член 23 од Закон а квалитет на амбиенталниот воздух како општи акти”, рече Беса Адеми, претседател на Врховен суд.

На денешната општа седница во Врховен учествуваше и пензионираниот професор на правниот факултет Борче Давитковски, кој рече дека досега државните надлежни органи како Министерството за животна средина и Влдата не преземале речиси никакви дејствија за заштита на воздухот, поради што голем број на граѓани починале како резултат на загадениот воздух.
„Кога се работи за загадување на воздухот, Инстиутот за јавно здравје на Македонија излезе со податоци дека во Македонија секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани на оваа наша држава. Ако земите во изминатите 35 години колку постоиме тоа значи дека во моментот имамод е еден милион двеста или триста, резидентни кои живееме тука, значи една десетина од жителите сме ги загубиле само од загаден воздух и никој не одговара и никој не реагира„, рече Борче Давитковски.
По денешната седница Управен повеќе нема да смее да ги отфрла овие спорови или да не постапува по истите, туку ќе треба да се носат одлуки и законски да се одговара доколку на некој граѓанин му е нарушено правото на чист воздух.