Доколку сакате слатки, ова е вистинската диета за вас

Ако спаѓате во категоријата на жени кои сакаат слатки, ве разбираме и не сте сами.

Ако имате долгорочни цели за слабеење , мора да комбинирате правилна исхрана и физичка активност бидејќи тоа е единствениот сигурен начин да успеете на патот до совршена фигура.

Сепак, вашата нескротлива желба за слатки е главната причина поради која ја расипувате исхраната. За среќа, постојат начини и вкусни избори да ве задоволат дури и вас. Пред се, треба да имате пет мали оброци во текот на денот кои ќе го одржат стабилното ниво на шеќер во крвта. Исто така, наместо слатки, можете да консумирате многу свежо овошје, кое е богато со природни шеќери.

ШТО Е ДОЗВОЛЕНО И ШТО ТРЕБА ДА ИЗБЕГНУВАТЕ

Користете цимет во пијалоци, овошје и млечни производи. Циметот ја „имитира“ биолошката активност на инсулинот и го подобрува метаболизмот на гликозата. Познато е дека премногу јаглехидрати (шеќер) може да доведат до вишок телесна маса и маснотии. Иако циметот не делува директно на согорување на маснотиите со забрзување на метаболизмот, тој индиректно прави да изгубите тежина.

Ако вообичаено избирате чоколади, кроасани, бонбони и сладоледи во текот на денот, следните опции помагаат да се намали желбата за слатки:

  • Свежо овошна салата со мед, цимет и јаткасти плодови
  • Лесен желе со свежо овошје
  • 1 кришка леб или 2 тости со мед и 1 чаша млеко
  • Јогурт со мед, цимет и ореви
  • Смути од бадеми, чиа, овошје и цимет
  • Житарки од цели зрна со млеко
  • Житарици од цели зрна со овошје или чоколадо
  • Сушено овошје со јаткасти плодови
  • Напиток од какао помешан со ладно или топло млеко
  • Топете го салото на стомакот како лудо: 3 одлични начини за слабеење со лук

А откако ќе запишете се што е дозволено, но и што треба да избегнувате, време е да ги следите советите на експертите, поконкретно, диетата која ќе ви помогне да ослабете без да си ги ускратите слатките.

ПРВ ДЕН

ПОЈАДОК: 1 чаша млеко, овесна каша, семки од сончоглед, инстант кафе

УЖИНА: 1 банана и 3 ореви

РУЧЕК: 1 порција сирење и 4-6 маслинки

СНЕК: Смути со бадеми, 4 јагоди и 2 овесни колачиња

ВЕЧЕРА: Туна во масло или вода и салата од спанаќ, краставици и цреши

ДЕН 2

ПОЈАДОК: 1 чаша сок, 1 тост со сирење и инстант кафе

УЖИНА: 1 круша и 10 несолени бадеми

РУЧЕК: 1 порција мисирка, печен пипер, чипс од сладок компир

УЖИНА: 1 јогурт со цимет и 1 рака суво грозје

ВЕЧЕРА: 1 варено јајце и салата од рукола, чери домати и моркови

3 ДЕН

ПОЈАДОК: 1 чаша сок, порција житарки и инстант кафе

УЖИНА: 6-8 несолени бадеми и 4 сливи

РУЧЕК: 1 порција варена риба, варен морков, целер и еден варен компир

Ужина: 2 колачиња без шеќер

ВЕЧЕРА: 1 тост, сирење и салата со чери домати, моркови и магдонос

ПОЈАДОК: 2 галети ориз со путер од кикирики, банана и инстант кафе

УЖИНА: 6 ореви и 4-5 јагоди

РУЧЕК: спанаќ, сирење и 3-4 маслинки,

УЖИНА: Пијте со какао, јогурт, авокадо, цимет и мед

ВЕЧЕРА: Омлет со зеленчук и печурки и салата од рукола, зелена салата и краставица.