ДОКОЛКУ СТЕ РОДЕНИ ВО ОВА ГОДИШНО ДОБА, ОВАА ВИСТИНА ЌЕ ВЕ СОБОРИ ОД НОЗЕ: Еве кој ќе пројде најлошо

Овие карактерни црти и тенденции се позабележливи во зрелоста отколку во детството.

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Будимпешта ја потврдува врската помеѓу годишното време кога е роден поединецот и карактерот на таа личност, благодарение на биолошкиот часовник и количината на дневна светлина при раѓањето.

Овие карактерни црти и тенденции се позабележливи во зрелоста отколку во детството.

Роден во пролет

Луѓето родени во пролет обично се многу позитивни. Затоа, пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и се многу креативни уште како деца. Тие не се премногу склони кон депресија и често имаат одреден уметнички талент.

Роден во лето

Луѓето родени во летните месеци се склони кон чести промени на расположението, кои пак не мора да бидат предизвикани од ништо конкретно. Исто така, тие се повеќе склони кон нервоза од родените во други сезони, но и многу лесно се заљубуваат. Тие почесто ги менуваат работните места и се повеќе склони кон конфликти.

Роден во есен

И покрај дождовите, лисјата што паѓаат и исушената природа, луѓето родени во есен се најмалку склони кон депресија. Иако не им се припишува многу позитивен, прилично рационален и приземен карактер, есенските деца имаат најмал ризик да развијат ментални нарушувања. Исто така, доста се физички активни, вели „24 часа“.

Роден во зима

Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни, односно најотпорни на емоционален стрес, тврдат унгарските истражувачи. Тие веруваат дека тоа се должи на големата количина на сончева светлина што ја „впиле“ за време на бременоста на мајката. Се водат од разумот, а не од чувствата, многу се доследни и најчесто ги постигнуваат своите цели.