Докторите откриваат што значи доколку добиете вртоглавица при нагло станување – ова може да биде знак за сериозен аларм
Пребрзото станување од кревет или од стол често може да предизвика вртоглавица. Повеќето луѓе не обрнуваат многу внимание на тоа, чекајќи да помине вртоглавицата и тоа е тоа.
Ваквата реакција на телото настанува поради брза промена на положбата, која покрај краткотрајната вртоглавица може да доведе и до губење на рамнотежата. Посебно внимание на ова треба да посветат постари лица кои како последица на пад може да претрпат сериозни повреди и скршеници поради кршливоста на коските.
Како што објаснуваат докторите, овие вртоглавици се јавуваат поради привремен пад на крвниот притисок што го намалува протокот на крв и кислород во мозокот. Се намалува и снабдувањето со крв во мрежницата, што предизвикува „темнина пред очите“, што исто така е последица на падот на притисокот.
Луѓето кои седат долго време, особено на работа, често имаат проблем со заматен вид и вртоглавица кога ненадејно ќе станат. Како што објаснуваат експертите, станува збор за ортостатска хипотензија, односно состојба кога во рок од три минути при стоење од седечка или лежечка положба доаѓа до нагло и краткотрајно опаѓање на крвниот притисок.
Најчесто тоа не предизвикува проблеми, но понекогаш се потребни неколку минути за да се стабилизира притисокот ако сте дехидрирани или на друг начин не се чувствувате добро. Сепак, ова може да биде проблем или да укажува на некои сериозни болести ако постојано се повторува. Докторите истакнуваат дека ова може да биде особено загрижувачко ако вртоглавицата и нестабилноста траат подолго од три минути.
„Тоа може да биде знак за оштетување на нервите во ретки случаи, што влијае на автономниот нервен систем. Тоа може да значи и дека имате низок пулс, низок шеќер во крвта или некои состојби со пореметување на тироидната жлезда“, објаснуваат докторите.
Други поврзани состојби вклучуваат срцева слабост, недостаток на витамин Б12, алкохолизам, Паркинсонова или Алцхајмерова болест, анемија и атеросклероза. Доколку сте загрижени за овој симптом или ако премногу често ви се случува да го изгубите тлото под нозете при стоење, советот е да го посетите вашиот општ доктор кој ќе ве испрати на потребните тестови.