Ако сте љубител на чај, можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете дека дури и една шолја дневно може да значи внесување на милијарди микропластика во вашето тело. Д-р Марк Хајман предупредува дека стандардните пластични кесички чај, кога ќе се истурат со врела вода, можат да ослободат околу 11,6 милијарди микропластика и 3,1 милијарди нанопластика во една чаша од пијалокот.
Микропластиката се ситни пластични честички помали од 5 милиметри кои се наоѓаат во храната, водата и воздухот. Иако долгорочните ефекти врз човековото здравје сè уште се под истрага, постои загриженост за нивната способност да се акумулираат во телото и потенцијално да предизвикаат штетни ефекти.
Д-р Хајман за Daily Mail истакнува дека квалитетот на кесичката чај игра клучна улога. Таа препорачува користење на органски лабави чаеви и цедалки од не’рѓосувачки челик или стакло за да се намали изложеноста на микропластика. Ако користите кесички чај за погодност, таа советува да изберете оние направени од органски растителни влакна како коноп или памук, без штетни хемикалии како БПА, фталати, полипропилен и епихлорохидрин.
Истражувањата покажаа дека различни видови пластични кесички за чај, вклучително и оние направени од најлон и полипропилен, ослободуваат значителни количини микропластика кога се преливаат со врела вода. На пример, полипропиленските кеси можат да испуштаат околу 1,2 милијарди честички на милилитар, додека најлонските кеси ослободуваат околу 8,18 милиони честички на милилитар. Микропластиката е пронајдена во различни делови од човечкото тело, вклучувајќи ја крвта, белите дробови и дигестивниот систем. Постојат докази дека може да предизвика воспаление, оксидативен стрес и други штетни ефекти на клеточно ниво.