Документарецот на Диди наскоро ќе излезе: „Има потенцијал да стави крај на целиот случај“ (видео)

Документарниот филм „Diddy: The Making of a Bad Boy“, кој ги раскажува деталите за контроверзниот рапер Шон Комбс Диди, ќе биде објавен на 14 јануари оваа година.

Откако беше уапсен минатиот септември по неколку обвиненија, доказите и другите обвиненија продолжија да се трупаат во следните месеци.

Документарецот кој наскоро ќе биде објавен на стриминг платформата Peacock ќе открие нови детали кои би можеле да го преплашат Пи Диди.

Имено, претстојниот документарен филм ќе содржи ексклузивни интервјуа со пријателите од детството, работните колеги и познаници на музичкиот магнат.

„Тие рекоа дека можат да ме испратат и да ме продадат на секого“, „Шон Комбс е чудовиште“, „Секогаш кога студиото или која било соба е црвено, тој има секс. Некои од девојките во собата сигурно биле малолетни“, беа само дел од деталите во трејлерот.

Во овој момент, секоја нова информација е поголема од претходната, но како што пренесуваат медиумите, овој документарец има потенцијал да стави крај на целиот правен случај.

За потсетување, Пи Диди беше уапсен на 16 септември во Њујорк, а моментално е во притвор, каде ќе остане до почетокот на судењето закажано за 5 мај 2025 година.