Се верува дека мотивот е од финансиска природа.
Ентони Полито, 67-годишниот напаѓач кој уби тројца професори од колеџ и рани четврти на Универзитетот во Невада, Лас Вегас, имал список на цели и повеќе од 150 куршуми, соопшти полицијата.
Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, рече дека Полито, кој беше убиен во престрелка со полицијата , бил долгогодишен професор по бизнис кој живеел во блискиот Хендерсон, Невада, објави агенцијата.
Las Vegas police identify suspect, victims, in UNLV shooting that left 3 dead and one injuredhttps://t.co/WpOY8hxTXU
— Henry Hodge Jr (@henrydjr) December 8, 2023
Ранетиот 38-годишен визитинг професор беше хоспитализиран во четвртокот и повеќе не е во критична, но опасна по живот состојба, рече Мекмахил.
Шерифот на прес-конференција рече дека иследниците сè уште го истражуваат мотивот за нападот , но истакна дека Полито аплицирал за неколку работни места на различни колеџи и универзитети во Невада и секој пат бил одбиен.
Сепак, Универзитетот за медицински науки Роузман во Хендерсон рече дека Полито бил договорен да предава два курса во програмата за бизнис администрација од октомври 2018 до јуни 2022 година и потоа не предавал во институцијата.
🚨#BREAKING: Sheriff says Las Vegas shooter had list of targets. 📄
— Daily Pancake 🥞 (@PancakeDaily) December 8, 2023
📌#LasVegas | #Shooting
The shooter, identified as Anthony Polito, who killed three persons at the University of Nevada, Las Vegas, had a list of people he was searching for on the campus. pic.twitter.com/QCkBShIrSa
Мекмахил рече дека целите на листата на Полито вклучуваат членови на факултет на Универзитетот во Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито беше професор на бизнис школата на универзитетот од 2001 до 2017 година.
Ниту еден од луѓето на целната листа не стана жртва – рече Мекмахил.
Пред пукањето, Полито испратил и 22 писма до универзитетски професори низ САД , според снимките прегледани од детективите од камерата на автомобилот на Полито, рече Мекмахил.
The suspect in the deadly shooting at the University of Nevada, Las Vegas, had a list of targets at the school and at East Carolina University in North Carolina, police said. https://t.co/VD5s0d5Vj1
— 4 News Now (@kxly4news) December 8, 2023
Полито го изврши нападот во средата со пиштол од девет милиметри што го купи легално минатата година, рече Мекмахил.
Властите во четвртокот рекоа дека Полито се чини дека има финансиски тешкотии.