Долна облека, ноќница и долги нозе! Џиџи Хадид и Кендал Џенер претставија необични модели во Париз (ФОТО)

Моделите Џиџи Хадид и Кендал Џенер на модната недела во Париз носеа необични креации од брендот Jacquemus.

На ревијата на францускиот бренд чиј главен дизајнер е Сајмон Порт Жакемус, Џиџи Хадид и Кендал Џенер беа ѕвездите на вечерта.

Џиџи носеше провокативен бел комплет. Над долната облека со многу прерамки кои се врзани, таа облече проѕирна бела кошула во бела боја која потсетува на ноќница. Со сето тоа носеше бели чизми до глужд.

Храбра комбинација имаше и Кендал. Преголемиот надуен ултра мини фустан ги откри нејзините долги нозе. И таа носеше винтиџ бели чевли со дебела потпетица.

Брендот Jacquemus генерално се смета за бренд кој носи нови идеи и свежа мода.

Триесет и тригодишниот дизајнер Сајмон Жакемус на оваа модна ревија докажа дека има што да му каже на модниот свет. Неговата нова колекција понуди невидени, многу женствени и провокативни кроеви.

Во оваа колекција користеше чипка и проѕирни материјали. Сите модели се достапни во црна, црвена или бела боја.