Домашниот овошен јогурт е здраво летно освежување. За разлика од фабричките, не е презаситен со шеќер, а многу лесно се прави. Се што ви треба е грчки јогурт и сезонско овошје, а ние овој пат ви предлагаме боровинки.
Процесот на подготовка на овој овошен јогурт е многу едноставен…
Неопходно е
- 250 гр боровинки
- 250 гр грчки јогурт
- 1 лажица мед
Подготовка
Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Ќе знаете дека смесата е готова кога текстурата ќе стане како сладолед. Префрлете го во сад или чаша, одозгора ставете неколку замрзнати бобинки за декорација и послужете веднаш. Ништо полесно! Па, ако ви се допаѓа оваа форма на млечен производ, трчајте во кујната, бидејќи ви се потребни само пет минути од вашето време.
НАПОМЕНА: Можете исто така да ја замрзнете оваа смеса и подоцна да ја јадете како сладолед или како додаток на некоја чоколадна торта.
Овој освежителен овошен јогурт е одличен за ужина . Не содржи додадени шеќери што ги имаат многу индустриски овошни јогурти.