ДОМАШЕН СИРУП КОЈ ПРАВИ ЧУДА ЗА КРВНАТА СЛИКА: Ја регенерира крвта, го зајакнува имунитетот, го чисти црниот дроб и лесно се прави
Веќе по една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци вашите резултати ќе бидат одлични!
Овој сируп е многу здрав и наменет за луѓе со слаба крвна слика. По една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци крвната слика ќе ви биде одлична. Освен што ја подобрува крвната слика, сирупот од цвекло за многу кратко време значително го зајакнува имунитетот, а сето тоа благодарение на големото количество минерали и витамини што ги содржи.
Покрај протеините, мастите и јаглехидратите, цвеклото содржи и минерали како што се калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, бром и други. Содржи и витамини Б1, Б2, Ц во големи количини, како и витамин Б12, кој е исклучително редок.
Антоцијанот ја дава црвената боја на цвеклото и во исто време влијае на регенерацијата на крвта. Јодот го забавува процесот на стареење и го зајакнува здравјето на коските. Бетанинот го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги чисти крвните садови и го стимулира црниот дроб.
За да подготвите сируп од цвекло ќе ви требаат:
- – 1 кг цвекло,
- – половина килограм моркови,
- – 2 портокали,
- – половина килограм кисела јаболка,
- – 1 лимон,
- – 500 грама домашен мед.
Подготовка: Цвеклото, морковот и јаболката излупете ги и ситно исечкајте ги и ставете ги во соковник. После тоа, додадете сок од портокал и лимон и мед. Сè добро измешајте и истурете во стаклено шише. Пијте го овој сируп секое утро на празен стомак, околу 1 dcl разреден со вода. Забелешка: Природните лекови им помагаат на луѓето. Меѓутоа, доколку имате здравствени проблеми, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не треба да се потпирате само на алтернативна медицина без стручно мислење.