Домашен џем од јагоди без шеќер! Направете го најубавиот сладок намаз за помалку од еден час – на децата ќе им се допадне

Џем од јагоди може да им се послужи на децата за појадок или вечера така што ќе го намачкате на парче леб, а одличен е и како премаз за палачинки.

Сезоната на јагоди започна, па сега е идеално време да направите домашен џем од јагоди, а ние ви пренесуваме рецепт без шеќер кој сигурно ќе го воодушеви целото семејство. 

Состојки:

килограм јагоди

60 мл сок од лимон

три лажички рендана кора од лимон

70 гр мед

Подготовка:

Исчистените јагоди исечкајте ги или испасирајте ги, па ставете ги во длабока тава. Додадете рендана кора од лимон, сок од лимон и мед. Добро измешајте и варете на средна топлина со често мешање.

Кога смесата е доволно густа, односно кога ќе се појават меурчиња, по приближно 35 до 45 минути готвење, џемот е готов.

Истурете го џемот во тегли и чувајте го на ладно место.