Зелената партија ДОМ бара од Министерството за економија и Владата, како и од општините Босилово и Ново Село, да не дозволат изградба на рудникот “Иловица-Штука”.
По владината одлука за спојување на концесиите, сериозна е загриженоста дека се планира отворање на овој рудник.
ДОМ останува цврсто на ставот против отворање рудници, затоа што тие се штетни по животната средина и здравјето на луѓето. Последиците од уништувањето на природата и загадувањето од рудниците остануваат присутни со децении по нивното затворање. Не смееме да дозволиме заради остварување на профит на поединци, да ја уништуваме иднината на сегашните и идните генерации.
Да се посветиме на развој на зелената економија и отворање зелени работни места, за да обезбедиме здрав и квалитетен живот за граѓаните и просперитет на македонското општество.