Доналд Туск на прашањето што ќе се случи ако победи Доналд Трамп испрати јасен одговор: “Сите за еден, еден за сите!“

Нема алтернатива за партнерството меѓу Европа, НАТО и Соединетите Американски Држави за справување со растечките безбедносни ризици, посочи премиерот на Полска, Доналд Туск, во понеделникот, додека расте стравот од повлекување на САД од Европа.

Доналд Туск пристигна во Париз како дел од мини-турнеја, а подоцна оди во Берлин барајќи поблиски врски со двете најголеми европски сили, бидејќи војната во Украина влегува во третата година, а европските метрополи гледаат на можноста за враќање на Доналд Трамп во Белата куќа.

Доналд Трамп изминатиот викенд предизвика бес кај западните партнери, откако сугерираше дека САД можеби нема да ги заштитат сојузниците од НАТО кои недоволно трошат за одбрана од потенцијална руска инвазија.

Нема алтернатива за ЕУ, НАТО, трансатлантската соработка. Европа мора да стане безбеден континент, а тоа значи дека Европската унија, Франција и Полска мора да станат силни и подготвени да ги бранат сопствените граници и да ги бранат и поддржат нашите сојузници и пријатели надвор од ЕУ“, порача Доналд Туск во заедничката изјава со претседателот на ФранијаЕмануел Макрон.

Веројатно овде во Париз, најјасно одекнуваат зборовите од ‘Тројцата мускетари’ на Александар Дума: Сите за еден, еден за сите“, нагласи тој.

Варшава, Париз и Берлин веруваат дека единството на ЕУ за одбранбените прашања и зајакнувањето на поддршката на Украина од 27-те земји-членки е од клучно значење во време кога американската поддршка за Киев станува сомнителна среде политичките конфликти во Вашингтон.

Европа мора да дејствува заедно… Ова е прашање на одговор на прашањето што ќе се случи ако победи Доналд Трамп. Немаме време. Мора да имаме поголеми капацитети на одбранбената индустрија“, изјави извор од полската Влада.

Изворот додава дека на Европа итно и треба заедничко производство на муниција и дека Полска повеќе не го блокира концептот на ЕУ за „стратешка автономија“.

Промената беше забележана и на други места во Европа.

Сега, за првпат, една полска Влада вели дека зајакнувањето на европските безбедносни одбранбени капацитети не е контрадикција на силно НАТО“, вели Дитмар Нитан, германски функционер задолжен за соработка со Полска.

Односите меѓу Полска и Германија беа затегнати во претходните осум години кога на власт во Полска беше националистичката партија Право и Правда (ПиС).

Аналитичарите велат дека враќањето на поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск на премиерската функција го олеснува заживувањето на платформата за политичка соработка „Вајмарски триаголник“, создадена во 1991 година, меѓу Германија, Франција и Полска.

Радост е што се вративте и што вашата Влада е партнер на кој можеме да му веруваме, тоа е проевропско и јасно за европската безбедност и големите предизвици со кои се соочуваме“, изјави Емануел Макрон.