Донарума им се извини на навивачите за поразот од Монако

Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума ги сподели емоциите по поразот на тимот синоќа на гостувањето кај Монако (1:3) во натпреварот од 23. коло на Лига 1.

– Нема оправдување за нашето издание. Игравме страшно и сакам да им се извинам на навивачите. Имаме тежок период. Во вторник не очекува многу важен натпревар во Лигата на шампионите. Треба да се спуштиме на земјата и да завршиме добра работа наскоро. Треба да се фокусираме правилно на Баерн, го цитира „Prime Video“ италијанскиот голман.

По 23 одиграни натпревари во Францускиот фудбалски шампионат, ПСЖ е лидер на табелата со 54 бода, пред Марсеј со 49 и Монако со 47.

ПСЖ на 14 февруари ќе ја одигра првата средба со Баерн Минхен од осминафиналето на Лигата на шампионите.