Донатела Версаче ја „спушти“ главата пред покојниот Армани: Беа лути соперници, но не можеше да ја скрие тагата (ФОТО)
Илјадници луѓе се собраа во Милано за да му оддадат последна почит на легендарниот дизајнер Џорџо Армани, а меѓу нив беше и познатата Донатела Версаче.
Изрази на сочувство и сеќавање дојдоа од политичките лидери и други милански модни дизајнери.
Армани почина дома, „мирно, опкружен со своите најблиски“, соопшти модната куќа.
Ковчегот со неговите останки е изложен во областа на театарот Армани, каде што Армани ги одржуваше своите главни модни ревии. Во тишина и со длабока почит, луѓето се збогуваа со човекот кој ја обликуваше модната сцена со децении.

Меѓу ожалостените беше и Донатела Версаче , една од најистакнатите светски модни дизајнерки , која пристигна во црно одело.
Донатела, која со децении се смета за жесток соперник на кралот на модата, пристигна во театарот „Армани“ во црно одело, а наместо официјална изјава, нејзиниот потег зборуваше повеќе од илјада зборови. На чудење на сите присутни, таа остави букет бели цвеќиња, симбол на чистота и прошка, како тивок знак на помирување.
Овој потег дојде откако Донатела Версаче јавно објави емотивна порака на социјалните мрежи.
Таа ги сподели своите емоции и на социјалните мрежи, објавувајќи црно-бела фотографија од Армани со пораката: „ Светот денес загуби еден гигант. Тој направи историја и ќе биде запаметен засекогаш “.

Освен неа, од Армани се простија и градоначалникот на Милано Џузепе Сала, филмските режисери Габриел Салваторес и Џузепе Торнаторе, како и Анџела Мисони, ќерката на познатата дизајнерка Росита, која почина на почетокот на оваа година.
Погребот на Џорџе Армани ќе се одржи во понеделник , во кругот на семејството и најблиските пријатели.
Претставувајќи се како автентичен креатор, Џорџо Армани изгради империја за време на својот живот, чија вредност се проценува на над 10 милијарди долари. Неговата визија го надмина светот на модата, проширувајќи се на луксузни стоки, вклучувајќи додатоци, ексклузивен мебел, парфеми и козметика.
Армани не застана тука – го приврза своето име на уникатни производи како што се книги, цвеќиња, па дури и чоколадо, со што ја консолидираше својата позиција меѓу 200-те најбогати луѓе во светот.