Еден хуманитарен настан во рамките на модната недела во Њујорк собра бројни познати личности, меѓу кои и Донатела Версаче.
Познатата италијанска дизајнерка Донатела Версаче се појави на хуманитарниот настан на фондацијата Керинг организиран од Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино.
Дизајнерката, како и обично, привлече внимание веднаш штом се појави, а главно сите гледаа во нејзиното лице. Донатела почнала со естетска хирургија во раните деведесетти, па сега станала непрепознатлива.
„Не верувам дека жената треба да биде сосема природна“, изјави еднаш Италијанката.
Познатата Италијанка избра тесен фустан со сирена со деколте во златна боја, украсен со пердуви, а екстравагантноста секако не и недостигаше. Имаше позната фризура – долга руса коса која ноншалантно и паѓа преку рамениците.
Нејзиниот изглед драстично се промени во изминатите неколку години, па многу често името на Донатела Версаче може да го најдете на врвот на листата на познати личности кои претерале со естетската хирургија.